17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Хрватските лекари ќе работат во тимови, дел ќе работат 15 дена, па 15 дена ќе одмораат

Во Хрватска утрово се потврдени 306 заразени со коронавирус, пренесуваат хрватските медиуми.

Од вчера се затворени сите пазари во земјата, а продавниците работат од 8 до 17 часот. Министерот за здравство најави затворање на градовите.

„Се затвораат сите пазари и објектите во нивни рамки. Тоа е поради непочитување на нашите мерки и поради лошата организација. Од утре ќе биде забрането напуштање на местото на живеење. Нема повеќе патување од град во град“ изјавил Божиновиќ.

Експертите се загрижени поради тоа што голем број загрепчани вчера по земјотресот излегоа на улиците и не се држеле до потребното растојание

„Наполноќ стапува на сила забраната за движење. Секој работодавец мора да им издаде на своите вработени документ дека можат да се движат. Сите вработени на патологија, каде еден лекар е позитивен на коронавирусот, се негативни на болеста. Нов режим е на сила за здравствениот систем. Дел од лекарите ќе работат 15 дена, а други 15 дена ќе бидат дома. И така ќе се менуваат. Тие ќе работат во тимови, а целта е зачувување на сите здравствени работници“ соопшти министерството за здравство./Makfax

Спонзорирано: