19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Медицинска сестра од Италија си го одзела животот, чекајќи резултати од тест за коронавирус

Додека Италија секојдневно пријавува неколку стотици смртни случаи, а докторите апелираат до луѓето да останат дома, пристигнуваат уште страшни вести.

Медицинска сестра извршила самоубиство додека ги чекала резултатите на тестот за коронавирус, пренесува Marieclaire.gr.

Станува збор за медицинска сестра на возраст од 49 години, која работела во болница во градот Језоло.

Жената морала да остане дома затоа што имала температура. Со оглед дека имала симптом на коронавирус, нејзината анксиозност се зголемила. Направила тест за вирусот, но не можела да ги дочека резултатите и извршила самоубиство.

Нејзиното тело во реката на 18-ти март го пронашол рибар, по што било извлечено од крајбрежната стража.

Откако е идентификувана, никој од колегите не можел да верува дека се самоубила. Како што рекле, била посветена на работата и никој не очекувал дека би направила такво нешто./Makfax

Спонзорирано: