23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССТАВМАКЕДОНИЈААНАЛИЗА

АНАЛИЗА: ВМРО ДПМНЕ се буни за намалувањето на платите на пратениците и администрацијата – продолжува да и’ прави проблеми на Владата во справувањето со коронавирусот

Откако триумфално соопштија дека успеале да го поништат тендерот за набавка на респираторни машини кој бил криминален, ВМРО ДПМНЕ и денеска реагира.

Откако лидерот на најголемата партија во Владата, Зоран Заев објави дека пратениците и функционерите, како и целата администрација два месеци ќе земаат плата од 14.500 денари со цел државава да се справи и поблаго да излезе од кризата со коронавирус кризата, ВМРО ДПМНЕ се буни.

– Заев удри по примањата на работниците, за да ја сокрие неспособноста и криминалните тендери. Денес Заев промовираше мерки кои се за колапс на стопанството и со чие кратење на плати најмногу ќе се удри и ќе се одрази кај оние со пониски примања, велат од ВМРО ДПМНЕ.

-Во ист кош ги нареди министрите, директорите и функционерите со работниците со пониски примања на кои сега им вели дека ќе земат иста плата иако претходно имале различни приходи, велат од партијата каде Никола Груевски е почесен претседател.

Партијата ВМРО ДПМНЕ како една од поголемите партии во Македонија наместо да ја смирува ситуацијата со оглед дека има влијание врз одреден број на граѓани, дополнително прави компликации.

Дали во оваа политичка партија немаат добиено информација дека целиот Свет е во вистинска паника поради новонастаната состојба со коронавирусот и дека треба да се прави се’ што е потребно за да се санира настаната штета и да се превенира или ублажи штетата од она што следува.

Наместо да прават театар пред јавноста и дополнително да блокираат, ВМРО ДПМНЕ треба да се вразуми и своите идеи ги предложи на Владина седница каде што имаат свој претставник, прв човек на едно од најистурените министерства во оваа криза, а тоа е министерството за внатрешни работи.

Мора да споменеме дека ВМРО ДПМНЕ е партија која додека ја водела државата во 11-те години, нејзините функционери удриле потпис за трошење народни пари меѓу 600 милиони и 1 милијарда евра за распаднат стиропор кој личи на мермер како што се слуша во некои од “монтираните” разговори, а не ги потрошила на реновирање, надградба и изградба на старите и нови болници, што во вакви кризи беа најпотребни.

 

Што објави Заев?

  • Субвенционирање на платите на работниците во загрозените сектори во износ од 14.500 денари
  • Намалување на платата на администрацијата, премиер, министри,  градоначалници и пратеници во период од два месеци на 14.500 денари.
  • Помош за отпуштените од работа поради кризата во износ на 50 проценти од просечната плата
  • Три месеци стопирање на исплатата на кредити
  • Блокирање и суспендирање на извршителите

Редакција на Centar.mk

Спонзорирано: