4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Во Шпанија работите не се на добро – 285 мртви и 4.000 новозаразени

Додека сите погледи ги имаме свртено кон Италија која доживува невидена катастрофа со 793 починати лица поради коронавирусот во последните 24 часа, работите не мирисаат на добро ниту во Шпанија, каде само вчера починале 285 лица, а се регистрирани нови 3.925 лица, со што вкупната бројка на регистрирани заразени изнесува 25.496.

Најлошо е што всушност и таму се повторува сценариото од Италија, и секојдневно забрзано расте разликата на новозаразени и мртви со претходниот ден. На пример ако на 9 март биле регистрирани 1231 лице, на 10 март биле регистрирани 1695 заразени, што е помалку од 500 за еден ден, но ако се погледнат податоците за 20 и 21 март, разликата изнесува 3.925 лица. Да потсетиме дека земјата е во целосен карантин.

Во Шпанија досега починале 1.378 лица.

Во Светот се на се’ досега се регистрирани 304.601 и точно 13.000 смртни случаи.

Многумина веруваат дека бројот на заразени не е конечен и можеби е многу поголем со оглед дека се тестираат само одреден број на луѓе.

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Пронајдени телата на 7 мигранти кои се удавија при обид со брод да стигнат до Шпанија

M T

Шпанскиот премиер: Ја поддржуваме Србија кога станува збор за Косово

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

Над 500 жртви во Шпанија поради топлотниот бран

M T