18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk/Arhiva
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Владата утре носи најстроги рестриктивни мерки: Забрана и посебен режим на движење за време на ден и во ноќ, сменско работење, организирање на јавен превоз

Владата денеска ја задолжи Комисија за заразни болести при Министерството за здравство, да подготви детален писмен предлог со мерки и препораки за воведување на најстроги рестриктивни мерки во врска со спречување, внесување и ширење на коронавирус COVID-19 (забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија за време на ден и во ноќ, организирање на јавниот превоз, сменско работење, опфатени категории на лица по возраст) и истите да ги достави до Владата.

Се задолжуваат Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија да направат детален оперативен план за спроведување на најстроги рестриктивни мерки што ќе ги преземе Владата, со цел спречување, внесување и ширење на коронавирусот COVID – 19.

Седницата ќе се одржи на 21 март 2020 година.

Спонзорирано: