10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
КОРОНАВИРУССВЕТ

САД ја затвораат границата со Мексико, цела Калифорнија во карантин

Америка денеска ја затвори границата со Мексико за сите неитни патувања, а државата Њујорк ги запре сите активности кои не се нужни.

Границата меѓу САД и Мексико ќе се затвори за сите несуштински патувања, како што беше случајот меѓу САД и Канада, како дел од борбата против ширењето на коронавирусот, објави Вашингтон.

„Соединетите држави и Мексико решија да го забранат патувањето што не е потребно преку нашата заедничка граница“, рече шефот на американската дипломатија Мајк Помпео.

„Нашите две земји знаат колку е важно да се работи заедно за да се ограничи ширењето на вирусот“, додаде тој на прес-конференцијата во Белата куќа.

Неговиот колега задолжен за внатрешна безбедност, Чад Волф, појасни дека затворањето не се однесува на легалната трговија.

Договорот за затворање на границата помеѓу САД и Канада, пак, влегува во сила ноќта кон сабота, со почетен период од 30 дена.

Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо во петокот, нареди да се запрат сите несуштински активности, како и забрана за собирање.

Мерката е слична на онаа донесена во четвртокот од гувернерот на Калифорнија, која ја става во карантин целата сојузна држава.

Мерките се порестриктивни од оние што веќе се донесени на сојузно ниво.

Спонзорирано: