Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Почина легендарниот кантри пејач Кени Роџерс

Познатиот американски кантри пејач, Кени Роџерс, почина на 81 година, соопшти неговиот претсавник Кит Хаган.

Пејачот „почина со природна смрт мирно во својот дом… опкружен од своето семејство“, се наведува во соопштението на официјалната веб-страница на Роџерс.

Семејството планира мало приватно испраќање во овој момент, поради загриженоста во врска со кризата во земјата предизвикана од коронавирусот.

Роџерс трипати во кариерата беше наградуван со признанието Греми и е член на Куќата на славните кантри музичари. Тој е познат по своите балади „Коцкар”, „Лусил”, „Кукавица на округот” и дует со Доли Партон „Острови во тек”./Makfax