13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Голема измама хара низ Македонија: Ви велат дека ќе ви дадат Ајфон за 1 евро, а потоа ќе ви ги соберат податоците од кредитната картица

Почитувани читатели нашата редакција наиде на голема измама на социјалните мрежи која започнала најверојатно вчера, и тоа во период кога граѓаните се дома поради коронавирусот и нарачките на производи воглавно ги прават онлајн.

Имено извесна фан страница “Пошта на Северна Македонијa”, која го злоупотребува името на македонската пошта и лажно се претставува, преку социјалните мрежи пушта реклами дека Бесплатно доделува IPHONE11 Pro, а доколку кликнете на линкот “Ау платете само за испорака Posta.com.mk” ќе ве однесе на друга страница која не е официјална страница на Македонска пошта. Таму најверојатно ќе треба да оставите податоци од вашата кредитна картичка и според досегашните случаи кои се забележани низ светот ќе ви биде одземено 1 евро или некоја мала сума на пари наводно за испораката, но со тоа сте ги дале вашите податоци на одредена криминална група, која понатаму располага со вашата кредитна картичка и може готовински да ги подигне сите пари со кои располагате.

 

Како изгледа рекламата?

Како дел од програмата за лојалност, Пошта на Северна Македонија нуди бесплатно!  Наскоро! Не пропуштајте ја можноста бесплатно да добиете паметен телефон”, пишува во објавата која изгледа како сликата подолу:

Фан страната е креирана на 19 март 2020, а почнала да се рекламира веднаш со 5 различни реклами, со истата шема.

Оваа страница ја забележавме сосема случајно и не знаеме дали постојат слични измами со различни приказни, затоа отворете очи во овие времиња кога институциите, сервисите работат со ограничени околности поради ситуацијата со коронавирусот и вашите кредитни картички користете ги само кај веќе проверени познати светски или македонски онлајн продавници кои имаат регистрирано фирма, со адреса, и лесно може да ги контактирате и тн..

 

Што доколку сте направиле или мислите дека сте направиле ваква уплата?

Веднаш јавете се во банката од каде што е издадена вашата картичка. Да проверат каде легнале парите, доколку утврдите дека сте направиле уплата на ваква измамничка страница, веднаш побарајте да ја блокираат картичката. Случајот пријавете го во полиција.

Спонзорирано: