3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

Заев со порака: Многу е важно да се информираме правилно и да споделуваме само проверени информации во периодот кој ни претстои

Фејсбук статус на претседателот на СДСМ, Зоран Заев:

Многу е важно да се информираме правилно и да споделуваме само проверени информации во периодот кој ни претстои. Институциите досега навремено и точно информираат и верувам дека тоа така ќе продолжи и во иднина.

Верувам и дека медиумите ќе продолжат да помагаат со своето одговорно и професионално известување. Благодарение на нив имаме информирана јавност.

На оние од екипата “Лажни вести” им порачувам да престанат да му штетат на нашиот народ.

Да бидеме одговорни, да се почитуваме, да си помагаме, да се чуваме. Секој живот е важен, секој човек е важен!

Спонзорирано: