11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

(Видео) Полицијата чува 3.787 луѓе во самоизолација во целата држава

Полициските службеници од СВР Скопје во моментот обезбедуваат 215 лица со решенија за изолација од вкупно 349 лица на целата територија на државата.

Исто така, полицијата во Скопје обезбедува и контролира 1.088 лица со наредби за самоизолација, што е речиси третина од вкупната бројка на самоизолирани лица на територијата на државата, која во моментов изнесува 3.787.

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, информира дека во изминативе 24 часа од извршените контроли над овие лица констатирано е дека на подрачјето на СВР Скопје едно лице не го почитувало решението за изолација, петмина наредбите за самоизолација, а на ниво на целата држава евидентирани се 27 случаи на непочитување на наредбите за самоизолација.

Министерот Чулев го изнесе и податокот дека од страна на припадниците на СВР Скопје во изминатите 24 часа извршена е контрола на вкупно 81 објект, од кои три не ги почитувале одлуките на Владата и за нив е издадено предупредување. Вкупниот број контролирани објекти на територијата на државата во последните 24 часа е 462, од кои шест објекти не ја почитувале одлуката на Владата.

Заклучно до денес, од страна на МВР против 47 лица се поднесени 39 кривични пријави, како и едно известување до надлежно обвинителство, повеќето врз основ на прекшување на член 206 од Кривичниот законик, а во 12 од овие случаи и врз основа на член 205 од КЗ на РСМ.

Денеска стапува во сила забраната за пристап на лица и возила на Водно во периодот од 18 до 6 часот и ќе трае до престанокот на важењето на ова ограничување, а се забранува и собирање во група од повеќе од пет лица во паркови и на други јавни места и јавен простор.

Чулев информира дека СВР Скопје исто така презема мерки и за засилување на контролите во приватните куќи и вили во околината на главниот град, во кои се организираат забави и собирања, со цел елиминирање на ваквите појави.

Спонзорирано: