20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Редовно проветрувајте ги просториите – Филипче сподели совети како до правилна домашна самоизолација

Министерот за здравство, Венко Филипче на својот Фејсбук профил сподели совети како правилно да се самоизолирате.

Работете од дома, одделете се од другите во различна просторија редовно проветрувајте ги просториите, избегнувајте заедничко користење предмети, чистете ги површините во домот, се само некои од советите.

Бројката нови случаи заразени со коронавирусот во земјава е во благ пораст. Надлежните смируваат дека засега државата добро се справува со ситуацијата. Министерот за здравство Венко Филипче вчера рече дека бројот на пациенти е во пораст, но оти кривата е блага. Тоа, според него, остава надеж дека е можно да се избегне нагло зголемување на бројот на случаи, што, како што посочи, остава можност и здравствениот систем полесно да ги прифаќа заболените.

Властите постојано апелираат на одговорност на граѓаните и почитување на забраните и мерките. Откако беа најавени санкции, вчера веќе почнаа да се изрекуваат и казни за нивно непочитување. Најавен е и поширок скрининг тестирање за откривање асимптоматски пациенти.

https://www.facebook.com/filipce.venko/posts/2341505452823141
.

Спонзорирано: