9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

Прв смртен случај од коронавирус во соседна Србија

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ на денешната прес конференција посочи дека регистриран е првиот смртен случај од коронавирус во Србија.

„Денес е баш тежок ден за нас. Ќе има уште потешки од овој, но на жалост морам да ви соопштам дека денеска е регистриран првиот смртен случај од коронавирус во Србија. Се работи за машко лице од 59 години, кое почина во Клиничкиот центар во Војводина“, истакна таа.

Брнабиќ изрази и сочуство за семејството на починатото лице.

„Ќе направиме се што можеме за да имаме што помалку жртви. Во тие мерки ќе бидеме рестриктивни колку што мораме само за да го зачуваме секој живот“, вели Брнабиќ.

Според неа, починатото лице не боледувало само од коронавирус.

Таа додаде дека овој случај треба да биде предупредување за сите луѓе да се придржуваат до мерките.