5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

Полициски службеник заразен со коронавирус

Меѓу заболените од коронавирусот во земјава има и вработен во Министерството за внатрешни работи, информираше техничкиот министер Наќе Чулев во вечерашното интервју на „Канал 5“.

Станува збор за информатичар кој работел во Одделот за информатика и телекомуникации.

„Веќе имаме еден припадник на МВР кај којшто е констатирано присуството на коронавирусот. Пратени се луѓе во самоизолација, а по препораки на Институтот за јавно здравје извршена е дезинфекција во сите простории во кои што бил“, истакна Чулев.

Чулев посочи дека МВР се соочило со дефицит на заштитни маски, па согласно владините заклучоци распишало тендер по скратена постапка за набавка на заштитна опрема за вработените.

Спонзорирано: