10.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Нови мерки во Црна Гора поради коронавирусот – во возило само по двајца

Директорот на Инстутот за јавно здравје на Црна Гора, Бобан Мугош соопшти дека се откриени нови три случаи на коронавирус во земјата, така што вкупниот број изнесува 13.

„Не го почитувавме она што беше препорака- да држиме социјална дистанца, да водиме сметка за себе, но и за другите. Ова зборува за нашите навики кои мораме сега да ги заборавиме“ истакна Мугош.

Министерството за здравство донесе нови мерки со цел спречување на заразата. Новите мерки подразбираат дека Здравствено-санитарната инспекција и Управата на полицијата се задолжени, во максимална можна мера, да ги зајакнат активностите за надѕор на сите лица на кои им е изречена мерката самоизолација, на нивните членови во семејството, како и на лицата кои ги довеле од граничниот премин до местото на живеење.

Исто така забранет е и превоз на повеќе од две возрасни лица истовремено во патничко возило.

Под здравствен надѕор во Црна Гора се 4.369 лица, кои изминатите 14 дена престојувале на подрачје со распространета трансмисија.

Спонзорирано: