5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Германија заплени медицински материјали наменети за Швајцарија

Германските царински власти заплениле маски за лице и други медицински материјали наменети за Швајцарија во период кога европските држави се борат против пандемијата на коронавирусот со ограничена медицинска опрема.

Властите заплениле висококвалитетни респираторни маски и друга заштитна облека за лекарите и општата популација при преглед на центарот за дистрибуција во Јухен, Северна Рајна-Вестфалија, извести „Рајнише пост“.

Американската кoмпанија 3М, наводно, планирала да ги извезе медицинските материјали во Швајцарија. Германија воведе забрани за извоз на такви стоки на почетокот на март како дел од мерките на земјата против коронавирусот.

Извори цитирани од локалните медиуми рекоа дека царинските службеници откриле неколку натоварени медицински материјали што се подготвувале за нелегална пратка. Неименуваните извори рекоа дека дел од заштитната опрема можеби била наменета и за САД./Makfax

Спонзорирано: