13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСАНАЛИЗАИЗБОР

Анализа: И професионалните онлајн медиуми на многу жесток удар од кризата со коронавирус

70-тината професионални онлајн медиуми, телевизиите, радијата се следни на удар од коронавирус кризата, со оглед на намалениот број на рекламни закупи од стартот на кризата.

 

Особено тежок период за онлајн медиумите чии фирми се регистрирани за дејноста интернет портали и немаат други дејности

Ова ќе биде особено тежок период за македонските професионални медиуми на онлајн просторот е што македонскиот јазик не е поддржан на светската платформа Adsense преку која би можела да се врши дистрибуција на дигитални реклами, со цел да се сервисираат месечните обврски.

Да потсетиме дека професионалните онлајн медиуми по дефиниција се професионални и затоа тоа што имаат фирми кои единствена дејност им е интернет портали, плаќаат придонеси, плати и даноци, рати за кредити како и сите други, но доколку ваквата криза продолжи и понатаму тешко ќе биде сервисирањето на обврските со оглед дека најголем дел функционираат само преку продажба на комерцијален простор и немаат добиено грантови од невладините организации и фондации.

Познавачите велат дека токму поради ова особено треба да им се помогне на медиумските компании кои немаат активни грантови.

Спонзорирано: