5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈА

Од Тав тврдат дека има сапун во тоалетите: Каква е состојбата со патниците кои вечерва се заглавени на скопскиот аеродром поради коронавирусот?

Од ТАВ реагираат дека имале сапун во тоалетите на Скопскиот аеродром.

– Имено, по налог на Министерството за здравство поголем број патници вечерва се задржани во еден изолиран дел на Аеродромот, при што поради зголемената потреба во тој тоалет сапунот во еден момент се потроши, но веднаш потоа беше дополнет на страна на нашите вработени, велат од ТАВ, откако на социјалните мрежи се појави видео како нема течен сапун во нивните тоалети, и тоа во време додека пристигнале летовите со македонски граѓани од високоризични и средноризични земји.

– Во овие кризни времиња, ТАВ Македонија, како аеродромски оператор ги вложува сите ресурси со цел да обезбеди највисоко ниво на услугите, а хигиената е врвниот приоритет во услови на светска пандемија предизвикана од Коронавирусот. Како што веќе објавивме, ги дезинфицираме површините на аеродромот три пати на ден, а покрај тоа, тоалетите постојано се чистат и сапунот постојано се дополнува, согласно зголемените потреби, тврдат на својот Фејсбук профил од скопската компанија ТАВ.

На фејсбук од ТАВ пишуваат дека за патниците имале поставено и диспанзери со средство за дезинфекција на рацете.

Ја разбираме чувствителноста на темата и токму поради тоа правиме сè што е во наша надлежност со цел патниците да се чувствуваат безбедно. Ќе продолжиме да го правиме тоа се до последниот момент на работа, до утрешното затворање на Меѓународниот Аеродром Скопје, на полноќ во 23:59 часот, се додава во статијата на фејсбук која ја објавиле од Тав на нивниот официјален канал.

Инаку на скопскиот аеродром вечерва се заддржани поголема група на патници, од кои дел имале симптоми на коронавирус. На сомнителните случаи веднаш им е направен преглед и тест, па сега се очекуваат резултатите. Доколку се покаже дека има барем еден позитивен на коронавирус, министерството за здравство ќе одлучи што со сите патници во авионите, доколку пак сите резултати се негативни патниците ќе мора да потпишат изјава за самоизолација од 14 дена.

Спонзорирано: