9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

Затекнатите во викендички во кризните општини и околината ќе се вратат дома по проверка од епидемиолози

Владата ги задолжи Министерството за внатрешни работи, Центарот за управување со кризи и Министерството за здравство да ја разгледаат можноста преку соодветен начин сите лица затекнати во своите викенд-куќи за одмор и рекреација, кои се наоѓаат на подрачјата на општините во кои постои кризна состојба или во нивна непосредна околина (Маврово и Ростуша), безбедно да ги напуштат своите викенд-куќи за престој по претходна проверка од страна на епидемиолози.

Доколку не е можно спроведување и реализирање на оваа мерка, Владата порача да се преземат мерки и активности од надлежните институции за редовен дотур на храна и продукти неопходни за овие лица.

Владата синоќа на седница ги задолжи Министерството за надворешни работи и Министерството за транспорт и врски, заеднички да ги разгледаат можностите за враќање на државјаните на Македонија кои се затечени на аеродромите во Загреб, Истанбул, Виена и Варшава, односно овие државјани да бидат вратени дома со автобуски превоз.

Спонзорирано: