15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

Пендаровски: Не е исклучено да се воведи поинаква состојба од оваа што ја имаме сега во две општини

Можно е да го смениме ставот поради тоа што веќе имаме случај на коронавирус во Скопје, каде живеат 600.000 луѓе со околината, рече Стево Пендаровски вечерва на Телма во емисијата ТОП ТЕМА, откако беше прашан од новинарот дали ќе смени новата ситуација според која имаме 31 заболен.

– Од средината на вчерашниот до денешниот ден практично имаме дуплирање на бројот на заразени, рече Пендаровски.

– Деновиве може да се состанеме во Советот за безбедност, не е исклучено да се воведе поинаква состојба, од она што го имаме како кризна состојба во Дебар.

– Не е исклучено да се воведи поинаква состојба од оваа што ја имаме сега во две општини.

Според Пендаровски, вчера се разговарало за воведуње кризна состојба по општини како што доаѓаат по ред. Можно е Скопје да оди во таа насока, се уште не е таму бидејќи е голем град, а има малку заразени.

Пендаровски не кажа дали ќе воведе вонредна состојба.

Спонзорирано: