9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Остри казни во Словенија – 15 години затвор за оние што намерно ја шират заразата

Во Словенија, каде што над 250 лица се заразени со коронавирусот, се преземаат сериозни мерки за борба против инфекцијата, така што секој угостител, трговец или друго лице што ги крши правилата и ја шири болеста може да добие осум години затвор.

Ако поединец намерно ја шири инфекцијата, може да се соочи со затвор до 15 години доколку ваквата постапка резултира со смртен случај. Како што е наведено во член 177 од словенечкиот Кривичен законик, кој се однесува на пренесување заразни болести, „секој што не ги исполнува прописите што надлежниот орган ги одредува за инспекција, дезинфекција на пациентите и сите други мерки за контрола или спречување ширење на заразни болести, ќе се казни со парична казна или затвор до една година“.

Доколку дојде до смрт на едно или повеќе лица, затворските казни се поригорозни, при што адвокатот Марко Макуч вели дека во тој случај станува збор за кривично дело против животот и телото, но истакнува дека за сторител на делото се смета единствено лице за кое првично се одредени наредбите.

Како пример наведува дека доколку владата донесе регулатива угостителите да ги затворат своите локали, тие ќе бидат казнети во секоја ситуација каде што непочитувањето на оваа наредба ќе предизвика последици врз јавното здравје.