13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Од Скопје се сите тројца новозаразени од коронавирус – Вкупната бројка се искачи на 26

Министерот за здравство Венко Филипче, на прес-конференција потврди дека има три заболени пациенти, кои првично се тестирале во „Жан Митрев“, а потоа резултатите биле потврдени од институтот за Јавно здравје.

„Вчера кажав дека се двајца пациенти кои се тестирале во „Жан Митрев“, а подоцна се јавил уште еден, и денеска во институтот во Јавно здравје ги направивме тестовите, го потврдија позитивните резултати. Станува збор за пациенти од Скопје. Едниот имал симптоми веќе една недела и сега се мапирани сите контакти со кои бил. Вториот и третиот пациент се сопружници кои престојувале во странство, и дошле во нашата земја пред неколку дена. Член од нивното семејство ги донел резултатите во Жан Митрев. Првиот пациент е сместен на инфективно, сопружниците на домашно лекување.

Со тоа вкупната бројка на пациенти е 26, 17 се во Скопје и девет се во Дебар.

Капацитетот на Инфективната клиника е целосно подготвен. Бевме контактирани од кинеската амбасада, добивме информација дека има шанси да стигне помошта наскоро“, изјави Филипче.

Спонзорирано: