15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

МВР: Во Охрид и Куманово се почитуваат мерките на Владата

Вчера, полициски службеници на секторите за внатрешни работи во Охрид и Куманово во соработка со Државниот пазарен инспекторат спроведоа акциски контроли за почитување на одлуката на Владата, која се однесува на работењето на угостителските објекти, казината и обложувачниците.

Полициските службеници од СВР Куманово на територијата на општина Куманово спроведоа контроли во 40 угостителски објекти, полициски службеници од СВР Охрид на територијата на општина Струга спроведоа контроли во вкупно 23 угостителски објекти, 5 казина и 4 спортски обложувчници и на територија на општина Кичево спроведоа контроли на 60 угостителски објекти, 8 казина и 12 обложувачници.

Кај ниту еден од контролираните објекти не е констатирано отстапување при спроведување на одлуката на Владата.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат одлуките и препораките донесени од страна на Владата, а сите отстапки поврзани со оваа и другите одлуки на Владата, а кои повлекуваат кривична одговорност, да ги пријавуваат на телефонскиот број 192.

Спонзорирано: