23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Бучковски: Нема играчка со оваа работа – Уште вечерва да се прогласи вонредна состојба!

Можеме многу повеќе. Бев разочаран зошто вчерашната седница на Советот на безбедност не заврши со мерка која мнозинството граѓани ја очекуваа. Македонија е зрела за прогласување вонредна состојба, изјави универзитетскиот професор и поранешен премиер, Владо Бучковски.

-Нема играчка со оваа работа. Во момент кога е распуштен Парламентот, не можам да сфатам од каде ова калкулирање кај Пендаровски. Нашиот Устав е дециден, за воена и вонредна состојба не треба закон. Се прогласува воена или вонредна состојба за да не се суспендира парламентарната демократија, а кај нас моментално нема воопшто парламент. Оваа работа не е за експерти, туку за луѓе кои имаат искуство. Затоа ме изненадува Пендаровски, тој има искуство од кризата. Уште вечерва треба да се прогласи вонредна состојба. И војската и полицијата треба да се стави во улога на дисциплинирање на граѓаните, вели Бучковски.

Професорот додава дека пред секој објект треба да има резервен полицаец или припадник на војската, и да има движење само со потврди со цел да не дојде до онаа бројка кој ја спомена министерот Филипче од 2000 заболени.

-Министерот Филипче и неговиот тим исклучитечно добро се снаоѓа. Успеа до корен да ги исече лажните информации. Сепак, ова е безбедносен проблем, и треба да има вонредна состојба. Правен основ има, Уставот го дозволува, и треба да се прогласи веднаш, вели Бучковски.

Спонзорирано: