19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈА

Бучковски: Коронавирусот ќе го достигне пикот за 1 месец

Епидемијата ќе го доживее пикот за 1 месец. Ние сега може да реагираме последиците да бидат по благи отколку се спомна. 2000 да бидат заболени 80 отсто ќе поминат добро, но 20 ќе починат. Гледаме што ни кажуваат нашинците во Италија, нема рашетување во овие 30 дена. Според нашиот табиет треба 30 дена и полициски час да има, тоа е за безбедност на граѓаните, изјави универзитетскиот професор и поранешен премиер Владо Бучковски.

-Тврдењето дека со овие мерки имаме прогласено вонредна состојба е лага. Вонредна состојба е и ограничување на движењето. Исто така не смеат да работат компании со голем број вработени. Треба да се стави клуч на врата. Во овој момент најбитно е да се ограничи движењето. Премногу луѓе има на улиците. Знаете дека не се почитува она да луѓето да седат на повеќе од 1 метар во маркетите или било каде. Со ограничувањето на движењето ќе направиме добар чекор, вели Бучковски.

Според Бучковски, партиите треба да заборават на расправиите и изборната кампања бидејќи моментално справувањето со коронавирусот е приоритет.
-Ова е време на градење поразличен однос помеѓу сите. Какви избори, сега имаме други приоритети, вели Бучковски.

Спонзорирано: