15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈА

(Видео) Николоски: Владата да донесе мерки за замрзнување на цените на основните производи

По примерот на Хрватска, Владата да донесе одлука за замрзнување на цените на основните потрошувачки производи во продавниците и замрзнување на цената на медицинските помагала и средства кои се неопходни за справување на последиците со корона вирусот, порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

„Ова мора да се направи веднаш за да се заштитат граѓаните, а во исто време да се спречи профитерство во овие тешки денови“, рече Николоски.

ВМРО-ДПМНЕ порачува до Владата да донесе одлука и да побара од телекомуникациските оператори во месец март да донесат одлука со којашто нема да ги исклучуваат оние корисници кои не ги платиле сметките, бидејќи, како што кажа Николоски, брзата комуникација е примарна во решавањето на состојбата со која што е соочена Македонија во овој момент.

Николоски повтори и дека потребно е итно замрзнување на обврските на компаниите кон државата, чија што работа е погодена од новонастанатата ситуација, како и итно замрзнување на обврските на компаниите кон банките и заемодавателите за месец март, чија што работа е погодена од корона вирусот.

„Државата да ги плати трошоците за вработените во компаниите погодени од корона вирусот во висина од 50-тина проценти. Итно враќање на сето заостанато ДДВ кон компаниите кое што државата им го должи на компаниите. Субвенции за транспортните компании туристичките компании туристичките центри во Македонија, угостителските објекти, шпедициите, и извозните компании во тек на целата година затоа што последиците кои што ќе ги имаат во овие месеци ќе им се одразат во текот на целата година“, рече Николоски.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ситуацијата е исклучително алармантна, а покрај на здравствен план, последиците на економски план ќе се чувствуваат долго во периодот кој што следи, па затоа одговор е потребен уште денес.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се „грижат“ за граѓаните со поскапување на комуналните услуги

M T

СДСМ: Нервоза во ВМРО-ДПМНЕ, со деструкции во Собрание не се брани криминал

M T

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ одработува за странски интереси кои не ѝ мислат добро на државата

M T

СДСМ: Има правда, време е парите што ВМРО-ДПМНЕ ги крадела да се вратат кај граѓаните

M T

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги продаде плочките од 100.000 евра од Белиот дворец и парите да ги врати кај граѓаните

M T