15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Трагедија во Скопје: Загина градежен работник кој работел на изградба на објект

Градежен работник починал како последица на повредите со кои се здобил откако извршувал градежни работи на објект во изградба.

-Вчера во 16:59 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил донесен повреден 40-годишниот Ј.К. од село Шишево, скопско, кој се повредил извршувајќи градежни работи на објект во изградба на бул.„Борис Трајковски“. Во 20:15 часот од страна на лекар кај лицето била констатирана смрт. Увид извршила увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за вештачење на Институтот за судска медицина – информира МВР.

Спонзорирано: