18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Се мобилизира целиот медицински персонал – Две родилки со симптоми на грип итно донесени во болница

Две родилки со симптоми слични на грип се донесени од Дебар. Едната е сместена во болницата во Охрид , а втората е донесена во Скопје. Тие ќе бидат тестирани, а потоа ќе бидат подготвени за породување, информира министерот Венко Филипче.

Седум нови пациенти се тестираат на коронавирусот. Тие се од Куманово, Тетово, Кичево и Охрид. Престојувале во Швајцарија, Германија и Австрија, се вратиле пред 3-4 дена без симптоми, но сега имаат покачена температура.

„Родилките се во стабилна состојба сместени се во оддел за изолација. Не се непосредно пред породување, меѓутоа транспортирани се за правење на тестовите и да бидат подготвени породување. Сите 13 пациенти на Инфективна клиника се во стабилна состојба, само едната пацинетка од Дебар е на респираторна машина со подобрување на параметрите, но со непридвидлива прогноза бидејќи непредвидливо доаѓаат комликации со коронавирусот. Другите пациенти се добри, вклучувајќи го и 15 годишнот момче“, изјави Филипче.

Се мобилизира целиот здравствен персонал во државата, одлучиле по состанокот со директорите на сите клиники. Се става на располагање и Детската болница во Козле, а децата кои се хоспитализирани ќе бидат префрлени на Детската клиника.

Нема да има утрински состаноци на лекарите, ќе се координираат телефонски меѓу себе. Се одложуваат хроничните пациенти, се примаат само итни случаи и малигни болни. Назначен е координатор во Дебар, тоа е професор од Инфективна клиника во Скопје кој ќе оди денеска таму на терен. Филипче смирува дека во државата има 120 респираторни машини, вклучувајќи ги и тие од приватните болници.

„Има 120 респиратори во државата, 90 само во Скопје. Целиот медицински персонакл во јавното и приватното здравство ги мобилизаме и ставаме на располагање согласно нашиот оперативен план за делување да работат во здравствена установа во која ќе биде потребно. Благодарност до приватните болници кои уште во текот на минатата недела ги ставија на располагање капацитетите, вклучително и близу 70 интензивни легла со респираторни машини за оваа патологија“, потенцира Филипче.

Тој соопшти дека во Дебар и Центар Жупа, во разговор со МВР добил одговор дека безбедноста е стабилната нема нарушување на јавниот ред мир, полициски службеници вршат контрола во кафеани, обложувалници, ноќни клубови. Се спроведуваат и мерките за патнички и моторни возила. Строги е забранет излез од таму, а без проблем се одвида дотур на храна и лекови.

„Упатуваме апел на граѓаните на Дебар но и Охрид и Струга строго да се придржуваат мерките. И сите други граѓани строго да останат дома и да ги следат мерките“, рече Филипче.

Во Струга во месните заедниици на состаноците е договорено за строги мерки во општините Лабуништа, Подгорци и Октиси.

Во разговор со министерката за финасии и гувернерката на Народна банка, Филипче бил информиран дека сите функции на банките се одвиваат нормално, како и за брз трансфер на пари .Во телекомуникациските оператори се изработени пораки за известување со состојбата со коронавирусот и тие се валидни.

Филипче нагласи дека не работат големите трговски центри, тие се заворени, а рестораните во хотелите работат за нарачки на храна, но нема да примаат гости во нив.

Спонзорирано: