14.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Познат кинески експерт откри страшен податок за тоа кога може да се очекува крај на пандемијата со коронавирусот

Пандемијата на Ковид-19 ќе биде под контрола во јуни доколку сите погодени земји сериозно спроведат рестриктивни мерки за контрола на државно ниво, изјави Џунг Наншан, познат кинески експерт за респираторен систем и шеф на стручната група за борба против коронавирусот.

Тој предупреди дека многу земји се уште не преземаат сериозни мерки и повика на јакнење на меѓународната комуникација за новиот коронавирус при глобалното ширење, објави Меѓународното кинеско радио (ЦРИ).

– Коронавирусот летен период е помалку активен кога температурата е релативно висока, истакна Џунг.

Меѓутоа, според него, крајот на пандемијата на Ковид-19 зависи од мерките кои ги презема секоја земја.

– Ако повеќето погодени земји сериозно преземат мерки, верувам дека епидемијата ќе заврши до крајот на јуни, нагласи кинескиот експерт.

Светската здравствена организација во средата најави дека заразата со коронавирусот прераснала во пандемија.

– Тоа е највисоко ниво на предупредување, нагласи Џунг.

Тој ги повика сите земји да преземат мерки на државно ниво за превенција и контрола на коронавирусот.

– Имајќи ја предвид силната инфективност на вирусот, неопходна е интервенција на државно ниво, додаде Џунг.

Досега во светот се потврдени 145.853 случаи на заразени со Ковид-19, починати се 5.438, а оздравени 72.550 лица.

Спонзорирано: