14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТОП ВЕСТИ

Од коронавирус во светот се излекувани 72.551 лице

Во 145 земји пријавени се 145.553 потврдени случаи на коронавирус, според последните податоци. Досега се излекувани 72.551 лица, а 5.438 починати, објави „Worldometers“.

Најголем број излекувани се забележани во Кина 65.564, по што следат Италија 1.439, Иран 3.529, Јужна Кореја 714 и Шпанија 193.

Што се однесува до активните случаи, најголем број случаи има во Италија – 14.955, од кои 1.328 лица имаат посериозни заболувања, по што следат Кина 12.071 од кои 4.020 се посериозно болни, Иран 7.321, Јужна Кореја 7.300 од кои 59 се потешко болни и Шпанија 4.906, каде 272 се во тешка сотојба.

Кина сè уште има најголем број на заразени, во кои спаѓаат и излекуваните, 80.824, додека бројот на починати е 3.189. Италија следи со 17.660 заразени и 1.266 мртви, Иран 11.364 заразени и 514 мртви. Во Јужна Кореја има 8.086 заразени и 72 смртни случаи, во Шпанија има 5.232 заразени и 133 починати од коронавирус./Makfax

Спонзорирано: