9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Во Јужна Кореја првпат повеќе оздравени отколку заразени

Корејскиот центар за контрола и превенција на болести КЦДЦ денеска забележа 110 нови случаи на коронавирус, во однос на 114 претходниот ден.

Сè на сè има 7.979 заразени лица во Јужна Кореја, со 70 мртви. Но, КЦДЦ, исто така, објави дека 177 пациенти се пуштени од болницата по изолација и третман. Ова е првпат бројот на оздравени лица да е поголем од бројот на новозаразени од избувнувањето на заразата во оваа азиска земја на 20 јануари.

Најновите бројки се во согласност со трендот на падот на нови случаи, што ја засилува надежта дека борбата против епидемијата во таа земја е успешна.

Шефот на КЦДЦ, Jeонг Еун-кјонг, изјави дека овој тренд се очекува да продолжи./Makfax

Спонзорирано: