3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Северна Кореја изведе уште една рунда артилериски вежби

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, надгледуваше уште една рунда артилериски вежби, за кои се претпоставува дека се насочени на подигање борбена готовност.

Агенцијата КЦНА наведува дека Ким ја предводел артилериската борба меѓу воените единици.

Како што се наведува, целта на натпреварот била да се процени подготвеноста на артилериските единици и да се унапредат формата, програмата и методот на артилериските вежби.

Според наводите на КЦНА, Ким ги пофалил артилериските трупи за воениот ентузијазам и ставот и им наредил на властите редовно да одржуваат такви артилериски натпревари.

Денешните вежби се четврти од крајот на февруари. Меѓународните преговори за нуклеарната програма на Северна Кореја моментално се во застој. Ким кон крајот на декември минатата година изјави дека ќе открие ново стратешко оружје и ќе го прошири нуклеарниот арсенал поради американските санкции и притисокот./Makfax

Спонзорирано: