23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

Откажани сите концерти на Филхармонија до крајот на март

Согласно новонастанатата ситуација во нашата земја и водејќи се од најновата препорака од Владата, која беше донесена на 10 март 2020 година, а истата се однесува за одложување на јавните собири и настани, НУ Филхармонија ги одлага сите концерти заклучно со крајот на месец март.

„Средствата за билетите што нашата публика веќе ги има купено на билетарница ќе им бидат вратени, а доколку билетите се купени онлајн, тогаш купувачите треба да испратат електронска порака на bileti@filharmonija.org.mk. Во неа треба да го наведат бројот на нарачката, датумот и терминот кога е иницирано плаќањето и средствата ќе им бидат рефундирани по електронски пат“, информираат од Филхармонија.

Билетарницата на Филхармонија ќе работи од понеделник до петок со скратено работно време од 10 до 14 часот.

За понатамошната реализација на програмата, Филхармонија дополнително ќе ја информира јавноста.

Спонзорирано: