14.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Монт Еверест затворен поради коронавирусот

Властите во Непал поради коронавирусот го затворија Монт Еверест и оваа сезона повеќе не се дозволени експедиции на најпознатата светска планина.

Откажани се сите планинарски дозволи до 30 април, а Кина веќе претходно ги забрани експедициите на планина од кинеска страна.
И натаму нема да се издаваат дозволи за искачување, а сите странци кои доаѓаат во Непал мораат прво да бидат во карантин две недели. Земјата потврди само еден случај на коронавирус помеѓу 450 тестирани луѓе. Заразен е млад студент, кој студирал во Кина.

Непал, каде се наоѓаат осум од 14 највисоки планински врвови во светот, вклучително и Монт Еверест, секоја година заработува над 4 милиони долари само од надомест за дозволи за искачување на највисокиот врв на светот и другите планини.

Министерот за туризам изјавил дека се прекинати експедициите на сите врвови во пролетната сезона од март до мај.

Спонзорирано: