13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Изворот на информации на „Викиликс“, Челзи Менинг пуштена на слобода

Поранешната американска разузнавачка аналитичарка и извор на „Викиликс“, Челзи Менинг, е пуштена од затвор. На неа ѝ беше одреден притвор поради одбивање да сведочи во истрагата за „Викиликс“. Од мај минатата година беше во притвор во Вирџинија.

Според информациите, таа денеска требала да се појави пред судот, но судијата пресудил дека веќе не е потребно таа да сведочи.

Менинг во 2013 година беше прогласена за виновна за шпионажа, поради објавување тајни воени досиеја на „Викиликс“.

Требало да плати над 250.000 долари парична казна поради одбивање да соработува со истрагата. Нејзиниот правен тим побарал таа да биде ослободена, но судијата рекол дека казните мора во целост да бидат исплатени.

Наредбата за нејзино ослободување вчера следела откако нејзиниот правен тим рекол дека таа се обидела да си го одземе животот и дека заздравува во болница./Makfax

Спонзорирано: