21.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Филипче предмалку соопшти: Патникот кој денес беше задржан на аеродром нема коронавирус – Сите тестирани се негативни на вирусот

Патникот кој денеска со авион пристигна од Германија и беше тестиран е негативен на корона вирусот. Патниците кои седеле во негова близина во авионот, а кои беа задржани во изолација на аеродромот во Скопје, се пуштени дома со препораки за задолжително придржување кон мерките и препораките, кои важат за сите патници кои пристигнуваат во земјата, информираше предмалку Венко Филипче.

– Во текот на денов, согласно одлуката на Владата, од два патнички авиони на скопскиот аеродром пристигнати од ризични земји беа вратени вкупно 26 странски државјани.

Во меѓувреме попладнево, на корона вирус се тестирани уште 8 пациенти меѓукои и една медицинска сестра со индикации на болест од Клиниката за инфективни болести и фебрилни сосојби. Сите тестови се негативни на вирусот.

Четворицата пациенти од Дебар позитивни на вирусот, се уште се во Дебар во стабилна состојба и утре ќе бидат донесени во Скопје и хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Спонзорирано: