10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

Автобуси на македонска туристичка агенција со полициска придружба вратени од граница

Вистинска драма се случувала синоќа на паркингот пред спорскиот комплекс „Борис Трајковски“ во Скопје, пренесува „Слободен печат“.

Закажаната тура патниците сакале да ја откажат иако дошле со спакувани торби, но наводно сопственикот на туристичката агенција Нехар турс ги убедувал дека четиридневна тура насловена како „Јадран Турс“ за Црна Гора може да се одржи.

Автобусите доцна во вечерта тргнале со по 15 патници. Сепак, по најновите информации од фронтлајн.мк автобусите со полициска придружба биле вратени од граничниот премин.

Како што пишуваат од таму, возачите не сакале да се вратат, но на крајот се согласиле и ја следеле полициската придружба.

Турата била предвидена да пристигне на денот кога треба да се затвори фестивалот на мимозите и каде што требаше да има концерт Жељко Јоксимовиќ. Јоксимовиќ го откажа концертот, но Нехар турс не се откажуваше од својата тура.

Спонзорирано: