20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

ВИДЕО: Лекарите ги вадат маските во Вухан – коронавирусот е победен, снимка која израдува многумина

Последните две привремени болници во Вухан, епицентарот на епидемијата на коронавирусот во кинеската провинција Хубеј, беа затворени во вторникот. Тоа значело затворање на сите 16 привремени болници за заолените од коронавирусот во тој град.

Вкупно 49 пациенти излегле од привремените болници во вторникот во околу 15:30 часот.

На социјалните мрежи се појави една снимка на која се гледа како лекарите го облежале моментот кога била затворена и последната привремена болница.

Тие стоеле на скали и додека камерата ги снимала еден по еден ги ваделе заштитните маски.

На лицата имале широки насмевки, а некои мавтале и на камерите. Ова видео го опколи светот и собра голем број позитивни коментари.

Кинеските власти претходно ги преуредиле јавните објекти како изложбените центри и спортските сали во 16 привремени болници. Тие служеле за да се изолираат и лекуваат пациентите заболени од коронавирус.

Во таквите центи лекарска помош добиле околу 12.000 лица.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T

По коронавирусот, цревна болест се појавила во Северна Кореја

M T

ФДА: Вакцината против коронавирус безбедна за деца од шест месеци

M T