Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Велика Британија – До 10.000 луѓе заразени од коронавирус

До 10 илјади луѓе во Велика Британија најверојатно се заразни со коронавиурс, велат официјалните лица, а пренесе британски „Индипендент“.

Сите кои ќе покажат симптоми добија насоки да се изолираат во период од седум дена – мерка која е дадена минатата недела, во момент кога се засилува ширењето на инфекцијата во светски рамки.

Потоа, меѓу другите мерки надлежните им препорачаа на граѓаните дека треба да останат на растојание од најмалку два метри едени од други, или „околу три чекори“.

„Останаете далеку од ранливите лица како што се постарите или оние со компромитирано здравје, колку што можете подалеку“, гласат советите.

Училиштата добија насоки да ги откажат сите екскурзии во странство.

Патрик Воленс, главниот научен советник во владата, рече дека бројката на заразени највернојатно е меѓу 5 и 10 илјади – многу повисока од официјалната бројка во Велика Британија која е речиси 600 заразени лица.

Насоките од надлежните доаѓаат во момент кога Борис Џонсон ѝ порача на јавноста да се подготви за најлошото, велејќи: „Ова е најлошата здравствена криза за една генерација“.

Тој ги отфрли споредбите со сезонскиот грип, додавајќи: „Поради недостаток на имунитет, оваа болест е многу поопасна и ќе продолжи да се шири“.