12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Уапсен Црногорец поради ширење паника дека има 13 лица заразени со коронавирус

Миливоје Брза Брковиќ е уапсен поради ширење паника затоа што на „Фејсбук“ објавил дека веќе има 13 лица заразени со коронавирус во Црна Гора.

Полицијата влегла во неговата куќа во населбата Загорич, а потоа и на приватно славење на првиот роденден и крштевањето на неговата внука.

„Имам информации дека тринаесет случаи во Црна Гора се заразени со вирус. Уште еднаш се покажува дека нашите институции не ја вршат својата работа и дека не реагираат навремено. Нашите сограѓани да имаат брзо закрепнување!”

Црногорскиот министер за здравство, Кенан Хараповиќ, рече дека нема регистрирани случаи на коронавирус во Црна Гора.

Спонзорирано: