14.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Се тестира лице дојдено од Германија, кај тројца од заразените состојбата е отежната

Од вкупно деветмина пациенти кои во земјава се заразени со коронавирус, шест се во стабилна состојба, кај тројца состојбата е отежната бидејќи станува збор за возрасни лица над 60 години, истакна на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Тој објави дека утрово е јавен еден пациент дојден од Германија кој се тестира.

Министерот исто така посочи дека очекувано е да се прогласи пандемија на светско ниво, но нема генерални препораки за секоја земја. Сепак, министерството во консултација со СЗО ги даваме мерките за домашното население.

„Утрово на редовниот состанок се разгледани низа мерки на Владата, имавме разговори со колеги од Италија, кои ни укажаа дека после воведувањето на ригорозните мерки заразата не се шири, ова ни укажува дека треба да бидеме порадикални и на денешната седница ќе разгледаме мерките“, кажа министерот кој упати препорака кафетериите да работат до 18 часот.

Тој посочи дека клиниките ќе работат само за итни случаи, а редовните терапии за хронично болните ќе можат да се земаат на матичен доктор.

„Верските заедници ќе мора строго да се придржуваат до мерките и да нема собири“, нагласи Филипче.

Додаде дека имало и информација според која поради заразените се створила паника во Дебар, но проверивле и тоа се покажало како неточно. Сепак, засилен е бројот на епидемиолозите на терен.

Спонзорирано: