13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

Поради мерките за заштита, апел до граѓаните услуги од државните институции да бараат преку интернет

Согласно последните насоки и вонредни мерки од Владата во врска со коронавирусот, Министерството за информатичко општество апелира до сите граѓани кои во наредните 14 дена ќе имаат потреба од услуги или различен вид консултации со државните институции, тоа да го прават по електронски пат.

„Напоменуваме дека изводот од матичната книга на родени, венчани и умрени, покрај тоа што барањето може да се поднесе електронски, сега може и да се добие електронски. Тоа е возможно на порталот за е-услуги, како и преку порталот на Управата за водење матични книги“, информираат од ресорното министерство.

На порталот за е-услуги во моментов достапни се 128 услуги, кои можат да се добијат за само неколку минути од вашиот дом. Опфатени се потврди и различен вид документи од најпосетуваните институции, како што се: Агенција за вработување, Министерство за труд и социјална политика, Фонд за здравствено, Фонд за пензиско осигурување, Централен регистар…

Дополнително за 744 услуги, можат да се прочитаат сите потребни информации за целосната процедура за издавање.

На овој начин, нема потреба да се посетуваат институциите физички за да се добијат овие информации, велат од Министерството.

Спонзорирано: