7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Италија ги затвори продавниците, кафетериите, баровите, рестораните…

Италија ги затвора продавниците, баровите и рестораните за да го спречи ширењето на коронавирусот кој до средата навечер однесе 827 жртви, а 12.462 се заразени.

„За овие мерки да покажат резултати ќе мора да почекаме неколку недели“, рече Конте набројувајќи кои бизниси ќе бидат затворени.

„Фризерниците, салоните за убавина, кантините, баровите, продавниците и рестораните ќе бидат затворени. Ќе функционира јавниот превоз, продавниците за храна, супермаркетите и аптеките. Се дозволува достава на домашна адреса. На сите што можат да работат од дома им се препорачува да продолжат така. Фабриките остануваат отворени, со висок степен на мерки за претпазливост. Активностите во земјоделието, сточарството и преработката на храна, вклучително и транспортот на тие производи се дозволува во согласност со хигиенските и здравствени стандарди“, рече Конте во обраќањето преку Фејсбук, додавајќи „нема да трчаме слепо кон амбисот“.

Спонзорирано: