15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТИЗБОР

Прогласена пандемија на коронавирус во Светот – двајца нови заболени во Македонија, многу жртви низ светот

Од Епидемија во Пандемија е сменет статусот на акуелната ситуација со коронавирусот од страна на Светската здравствена организација.

Директорот на СЗО, рече дека досега има над 118 илјади регистрирани заразени во 114 земји, а починале речиси 3000 луѓе.

Ова не е збор кој што се користи лесно и безгрижно, рече Гебрејесус, дирекор на СЗО, кој рече дека Пандемијаа е збор кој доколку би се злоупотребил можел да предизвика неразумен страв и неоправдано прифаќање дека борбата е завршена.

Опишувањето на ситуацијата како пандемија не ја менува проценката на СЗО за заканата од овој коронавирус. Не го менува она што го прави СЗО и не го менува тоа што треба да прават државите“, рече Гебрејесус, директор на СЗО.

Попладнево нешто по 17 часот и 30 минути, министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека бројот на заболени од коронавирусот во Македонија се зголемил на уште два, со што во Македонија официјално се регистрирани 9 случаи.

Скоро за сите кои ја донеле заразата во Македонија, се знае дека биле во Италија, место кое што е жариште на опасниот вирус.

Спонзорирано: