18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Меркел: Експертите велат дека 70 проценти од германското население ќе се зарази со коронавирус

Германската канцеларка Ангела Меркел и министерот за здравство Јенс Спан се обратија пред јавноста за коронавирусот.

Меркел на почетокот рече дека е одржана видеоконференција на која присуствувале сите лидери на ЕУ, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел.

„Треба да сфатиме дека коронавирусот дојде во Европа“, кажа Меркел.

„Населението сè уште не е имуно на овој вирус и нема вакцина и експертите ни кажуваат дека можеме да очекуваме 60-70 проценти од населението да се зарази со овој вирус. Затоа е важно да се избегне оптоварувањето на нашиот здравствен систем, за да го забавиме ширењето на вирусот. Затоа, многу е важно да се следат упатствата објавени од владата, но овие инструкции може да се променат бидејќи учиме нешто ново секој ден“, вели Меркел, а пренесе германски „Билд“.

Според германските медиуми, кога канцеларката ја соопштила очекуваната бројка на заразаени, во просторијата завладеала тишина.

„Ние се бориме да ја одржиме економијата во живот во оваа ситуација“, додаде таа./Makfax

Спонзорирано: