12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) СДСМ со по двајца носители на кандидатските листи – маж и жена

На претстојните избори, СДСМ и коалицијата што ја предводи ќе настапи со тандем носители – маж и жена во сите изборни единици, соопшти денеска претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

„Во секоја изборна единица ќе има носителка жена на листата, односно ќе има двајца носители, ќе има по еден носител маж и една носителка жена на првите две места кои паралелно ќе го покриваат теренот“, рече Заев.

Засега е извесно дека тој ќе биде носител во четвртата Изборна единица, а останатите носители ќе бидат познати утре по Конгресот на СДСМ.

Заев на заедничка прес-конференција со заменик-претседателка Радмила Шекеринска откри и дека и таа ќе биде носител на изборна единица.

Во однос на објавените прислушувани разговори, Заев порача да се истражи од каде потекнуваат „бомбите“ за пратеникот Антонијо Милошоски и рече дека сите материјали кои ги имале тие ги предале во СЈО.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

(Фотогалерија) Заев: Милиони срца на секој натпревар биеја во ист ритам за македонската фудбалска репрезентација!

CENTAR MKD

Премиерот Заев прими претставници на новоформираната Регионална боксерска лига: Спортот е најдобра афирмација на земјата, развојот на македонскиот бокс во нагорна линија

M T

Заев: Изгубен е Мицкоски, ако некој го најде нека го врати во ВМРО-ДПМНЕ

M T

Заев од Брисел: Португалскиот предлог нуди решение, Бугарија и ЕУ да ги исполнат очекувањта на граѓаните

CENTAR MKD

Заев од Брисел: Ќе одам и во Софија, ги користам сите дипломатски канали

CENTAR MKD

Заев: СДСМ е фаворит на локалните избори

CENTAR MKD