10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во БиХ уапсени петмина полицајци поради сомнение за криумчарење на мигранти

Во Босански Брод утрово беа уапсени петмина службеници од граничната полиција на Босна и Херцеговина, потврдиле властите за тамошните медиуми.

Тие се осомничени дека за пари дозволувале незаконски преминувања на државната граница.

Службениците се уапсени при внатрешна контрола, а денеска ќе бидат спроведени во Сараево.

Истрагата била фокусирана на целата смена на граничниот премин Босански Брод, а пари граничните полицајци земале како од странски, така и од државјани на БиХ./Makfax

Спонзорирано: