9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Локвенец: Стануваме 30 земја членка на НАТО, се приближуваме кон ЕУ, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ остана против напредокот на државата

Интегрално ја пренесуваме изјавата за медиуми, Хари Локвенец, пратеник на СДСМ:

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,

СДСМ покажа дека има визија и дека знае да обезбеди стабилна, безбедна и просперитетна иднина. Изминативе три години донесовме тешки, паметни и храбри одлуки, со кои ги отворивме перспективите кон ЕУ и НАТО.

Денес сме извесна 30 земја членка на НАТО Алијансата, најмоќниот сојуз на светот.

Тоа освен што значи безбедност и стабилност, носи и повеќе пари за граѓаните.

Само за една година, откако ја добивме поканата за членство во НАТО, странските инвестиции достигнаа рекорден износ зголемен за над 300 отсто во споредба со оној од 2017 година.

Довербата во македонската економија е вратена, а тоа го потврдуваат и растот на извозот и растот на индустриското производство.

Членството во НАТО за нашата земја отвора и други можности.

Веќе од оваа година се отвора пазар вреден 4 милијарди евра годишно за нашите компании. Агенциите на НАТО за услуги, набавки, информатика и комуникации стануваат достапни за сите македонски компании да конкурираат и да ги пласираат нашите домашни производи.

Почитувани,

Политиките на СДСМ и претседателот Зоран Заев го отворија и патот на Република Северна Македонија кон Европската унија.

Денес сме чекор поблиску до почеток на преговори со Унијата.

Последниот Извештај на Европската комисија потврдува дека сме на правиот пат. Нотиран е нашиот напредок во сите области: во правосудството, во борбата против корупцијата, во реформата на безбедносните служби и реформата на јавната администрација.

Тоа го признаваат сите, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се за изолација и уназадување, ние за интеграција и напредок. Тие еден чекор назад, ние три напред.

До толку се против напредокот, што и Извештајот на Европската комисија Мицкоски го прогласи за лажни вести. Од толку ширење лаги, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски веќе не знаат што е вистина, а што не е.

Затоа се осамени во матрицата на деструкција, блокади и изолација и затоа ќе изгубат на 12 април.

Почитувани,

Колку и да не му се допаѓа на Мицкоски, докажавме дека со СДСМ НАТО и Европската унија се реалност.

Сега е важно да продолжиме напред, уште посилно и уште подобро, и на следните избори да избереме Парламент и потоа Влада кои стабилно ќе ја раководат државата кон сигурна иднина.

СДСМ нема да отстапи од градењето европска иднина за државата. Имаме визија, храброст и одлучност да продолжиме по правиот пат и тоа ќе го сториме.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

M T

Одбележување на 11 Октомври – Денот на ослободителната војна

M T

Рекордни 83 отсто од Украинците сакаат членство во НАТО

M T

СДСМ: Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

M T

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје

M T

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T