20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Европа 113 милиони луѓе се жртви на бучава

Секој петти Европеец е изложен на бучава, проблем што во наредните години може да стане поголем, како резултат на зголеменото ниво на сообраќај и урбанизација, објави денеска Европската агенција за животна средина (ЕЕА).

Во соопштението на Агенцијата се вели дека околу 113 милиони луѓе се изложени на високи нивоа на бучава од патниот сообраќај во Европа, на долг рок.

Забрзаната стапка на урбан развој значи дека се повеќе луѓе се изложени на високи нивоа на бучава, и покрај напорите за нејзино регулирање, се вели во извештајот на ЕЕА под наслов Environmental Noise in Europe – 2020.

Бројот на жители во Европа изложени на високо ниво на бучава генерално не се менувал меѓу 2012 и 2017 година, што значи дека Европа веројатно нема да го намали нивото ниту во 2020 година, до ниво кое е препорачано од Светската здравствена организација (СЗО).

Бројни жители кои живеат во градските области се изложени на бучава и во текот на ноќта, а здравјето на околу 20 милиони луѓе е негативно погодено од бучавата во сообраќајот.

Според здравствените работници, изложеноста на бучава на населението е поврзана со неколку здравствени проблеми, вклучувајќи циркулаторни заболувања, па дури и ризик од предвремена или ненадејна смрт, додека пак кај децата се намалува способноста за концентрација и способноста за читање на училишните часови./Makfax

Спонзорирано: