15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вашингтон загрижен што Турција купува С-400 од Русија

Купувањето на руските одбранбени системи С-400 од страна на Турција многу го загрижува Вашингтон, кој размислува каква поддршка може да понуди во сириски Идлиб, изјави американскиот специјален претставник за регионот Џејмс Џефри.

Говорејќи во Истанбул, Џефри исто така рече дека САД веќе понудиле хуманитарна помош и размена на информации со Турција и ги притиснале европските сојузници да дадат значаен придонес.

Џефри пред два дена изјави дека САД се подготвени да испратат муниција за својот сојузник во НАТО, Турција, а со тоа и хуманитарна помош во североисточна Сирија, каде што се продлабочува конфликтот со Русија./Makfax

Спонзорирано: