20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев: ВМРО-ДПМНЕ се закопа, пушта снимки од разговори од време кога сите знаеа дека предметите на СЈО беа под закана

Со стабилизирањето на економијата и со последователниот економски раст се отвори простор за зголемување на платите, пензиите, се отвори простор за намалување на трошоците. Ова значи дека вложуваме во луѓето, а не во споменици и во фасади кои денес гледаме како се распаѓаат на посилен ветер. Ние имаме стабилен буџет, предвидлива фискална политика, сме ја ставиле економијата на здрави основи и кога се во прашање луѓето, тука нема дилеми – парите мора да ги насочиме кон потребите на граѓаните, а не кон фикции и лудории, изјави во интервју за Локално лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вели Заев во интервју за порталот Локално.мк.

На прашање за разговорите кои ги достави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ,Антонијо Милошоски до обвинителството, а во кои се слуша неговиот глас, поранешниот премиер вели дека во тие разговори убедува пратеници зошто е важно да се усвои Законот за јавно обвинителство.

– ВМРО-ДПМНЕ се закопа, пушта снимки од разговори од време кога сите знаеа дека предметите на СЈО беа под закана – Милошоски го знае новиот закон, тој, Груевски и Мицкоски знаат дека предметите ќе добијат пресуди врз основа на обезбедените докази. Спасени се доказите, спасени се предметите, само криминалот на ВМРО-ДПМНЕ не е спасен, вели тој за Локално.мк.

Спонзорирано: